Хет-трик на Карвахал, по трет пат во елиминациски меч во ЛШ го прави истиот пенал (Фото)

Педантните статистичари и верни следбеници на Реал Мадрид не можеа да не забележат дека десниот бек Даниел Карвахал веќе по трет пат во последните седум години ја прави истата грешка и им подарува пенал на противниците во елиминациски мечеви од Лигата на шампионите.

Карвахал е еден од најкритикуваните играчи по синоќешниот меч во Париз, беше и повлечен од игра, но и неговата замена Лукас Васкес не се прослави, напротив, беше како невидлив и лесно поминат од Килијан Мбапе при голот во 94-тата минута.

Во 2015 година, Карвахал со десната нога го собра Карлос Тевес од Јувентус и со пеналот му ја отвори вратата на Јуве од финалето во ЛШ.

Во 2020 година, Карвахал на речиси идентичен начин како синоќа што го собори Мбапе, направи пенал и врз Рахим Стерлинг од Манчестер сити.

- Оглас -

Најнови вести