Њукасл беше во неверојатен налет, но денеска „налета“ на расположениот тим на Борнмут кој славеше со 1-4. Хет-трик постигна Џастин Клајверт, а за гостите погоди и Милош Керкез.
Њукасл беше во серија од девет победи, но тимот на Еди Хау не прикажа тоа што се очекуваше на овој дуел. Борнмут тоа знаеше да го искористи.
Клајверт во шестата минута донесе водство за Борнмут, но израмни Бруно Гимараеш во 25-та минута. Пред крајот на првиот дел Клајверт обезбеди нова предност за Борнмут, а во 92-та минута го потврди триумфот.
Во шестата минута од судиското продолжение Милош Керкез го постави конечниот резултат, 1-4, за Борнмут.