Гус Хидинк ќе ужива и ќе селекторува во рајот на Карибите откако прифати да го превземе кормилото на Курасао. Земја што се наоѓа на Холандските антили и која порано беше колонија на земјата од која доаѓа 73-годишниот стратег.
Овој потег е неочекуван, но Хидинк вели дека не можел да ги одбие челниците на фудбалскиот сојуз во оваа егзотична земја.
„Беа многу упорни и не можев да ги одбијам“, изјави Хидинк. Курасао сега има договор со познатиот тренер до Светското првенство во Катар што ќе се игра во 2022 година.
Курасао се натпреварува во КОНКАКАФ зоната и во првата рунда квалификации за настап на следниот Мундијал е во група со Гватемала, Сент Винсент и Гренадин, Куба и Девствените острови. Само првопласираните селекции од сите шест групи ќе се пласираат во следната фаза.
За Хидинк селекцијата на Куракао ќе биде шеста по Холандија, Јужна Кореа, Австралија, Русија и Турција на која Холанѓанецот им бил селектор. Ја предводеше и олимписката репрезентација на Кина, а познат е по освојувањето на четвртото место на Мундијалите и на европските првенства.
Со Холандија на СП во 1998 година беше поразен од Бразил на пенали, во еден од најубавите мечеви на Мундијалите, а потоа и со Јужна Кореа стаса до полуфинале во 2002 година, но загуби од Германија, а потоа и од Турција во битката за бронзениот медал.
Гус има уште едно полуфинале, со Русија на ЕП 2008, но тогаш Шпанија беше пресилна и победи со 3:0.