Хит: Погледнете како Алиоски бегаше од Барди, а тој сакаше само да го гушне (Видео)

Убавата вест дека Енис Барди имал негативен тест на Ковид-19, и дека може да му се приклучи на македонскиот национален тим, вчера во хотелот во кој се сместени играчите беше зачинета со една интересна снимка на која се гледа првиот контакт на Барди со своите колеги.

На сите им беше мило што го гледаат фудбалерот на Леванте, тој од мерак се поздрави со сите и сакаше да ги прегрне, а Езџан Алиоски кој е меѓу оние шегаџии задолжени за подобрување на атмосферата и тимскиот дух, почна да бега од Барди кој носеше и заштитна маска. Сепак, „брканицата“ заврши со победа на Барди, Алиоски некако се увери дека е безбедно да се прегрне со другарот.

https://twitter.com/LeedsUnitedFor1/status/1401277867426713601

- Оглас -

Најнови вести