Хит приказна: Ориги името го добил по една балканска спортска ѕвезда!

Еден од хероите на Ливерпул во освојувањето на титулата во Лигата на шампионите минатата сезона, белгискиот напаѓач Дивок Ориги, откри една занимливост поврзана со неговото име.

Џокерот на Ливерпул, кој влезе во историјата на фудбалската ЛШ со незаборавниот гол за 4-0 против Барселона по брзо изведен трик-корнер, всушност е крстен по кошаркар, и тоа по Србинот Владе Дивац.

„Немам ништо против и моето дете да се вика Дивок. Има доста луѓе кои го направија тоа. Моето име настана од името на Владе Дивац. Моите родители го гледале како игра во Лејкерс и малку го персонализирале презимето“, објасни Ориги, чии родители можеби сакале тој да биде кошаркар, но којзнае каква кариера би имал во тој спорт.

- Оглас -

Најнови вести