Хит сцена во БиХ: Навивач „се шитна“ за 5 евра и почна да навива за противниците! (Видео)

Легендата на босанскиот фудбал, а сега тренер на Тузла сити, Хусреф Мусемиќ, беше снимен како му дава пари на еден навивач, по што тој навивач во Посушје почна да го скандира името на гостинската екипа која ја води некогашниот напаѓач на Црвена ѕвезда.

Мусемиќ, кој во 35-тата минута од мечот му даде 10 конвертабилни марки (КМ) на навивачот (околу 5 евра), по мечот му дал уште 10 КМ затоа што загубил облог.

Интересно е што по досуден пенал за Посушје, навивачот му рекол на Мусемиќ: „Ајде да се обложиме во 20 марки дека ќе му го одбраните пеналот?“ Мусемиќ се согласил, а кога голманот Брајловиќ му одбрани пенал на Лучиќ, задоволниот тренер од џебот извади 10 марки и му даде на навивачот.

„И мене ми беше интересно. Откако му дадов 10 марки, навивачот почна да го скандира името на нашиот клуб и имаше доста позитивни реакции на стадионот. По натпреварот му дадов уште 10 марки“м раскажува Мусемиќ за целата случка која може да ја видите ТУКА.

 

- Оглас -

Најнови вести