Легендарниот пејач Оливер Драгојевиќ не беше заборавен и по првиот меч што Хрватска го одигра на „Пољуд“ по неговата смрт. Песните на Драгојевиќ често може да се слушнат кога Хрватска игра на свој терен, а пред мечот против Унгарија, повеќе од 30.000 навивачи направија феноменална атмосфера пеејќи го еден од најголемите хитови на Оливер.