Хјустон 11 години не загубил во Њујорк, нема да загуби ни сега

Кливленд кавалирс – Јута џез (кошарка, НБА, 01.00 часот)

Јута е во неизвесна трка за што подобра позиција на Западот и буквално секоја победа или пораз многу им значи и ги поместува горе или долу на табелата. Кавалирс е последен на Истокот и аутсајдер во дуелот. Џезерите во минатата сезона славеа во Кливленд и со тоа прекинаа една многу црна традиција. Коњаниците на последните три меча против Јута дадоа помалку од 100 поени. Донован Мичел од Јута на четири меча по ред дава над 30 поени.

Предлог тип: Т1 <105.50 (1.88)

 

Њујорк никс – Хјустон рокетс (кошарка, НБА, 01.00 часот)

Никси се поодморени, ова им е прв меч во март, но Хјустон има низа од шест победи по ред. Рокетс има и позитивна традиција, во „МСГ“ не загубил уште од 2009 година, а тој меч пред 11 сезони е последниот на кој гостите од Тексас постигнаа помалку од 100 поени во Њујорк. Хјустон се бори за задржување на четвртото место на Западот, но ако победи, ќе дојде само на една победа помалку од вториот Клиперс. Никс е на добар пат седма сезона по ред да остане без плејоф.

Предлог тип: 2-2 (1.55)

 

Мајами хит – Милвоки бакс (кошарка, НБА, 01.30 часот)

Ова е дерби на Истокот, иако првиот Бакс има дури 14 победи повеќе од четвртиот Хит. Мајами не беше баш успешен во февруари, имаше 6-7, а сега му доаѓа тим кој сезонава претрпе само осум порази. Мајами е опасен на свој терен, има 25-4, но и Елените се незгодни гости со 25-5. На 26 октомври, Мајами во ефикасен меч по продолжение од пет минути го изненади Милвоки, па сега Бакс ќе се обиде да се реваншира и да дојде до седмата победа едноподруго.

Предлог тип: 2 (1.65)

 

Чикаго булс – Далас маверикс (кошарка, НБА, 02.00 часот)

Далас играат променливо во последно време, а Булс имаат повредени играчи, како оправдување што добија само еден од последните 11 меча. Гостите се фаворити и на овој меч, сите бројки го покажуваат тоа. Но, има едно прашање кое ги мачи Маверикс во пресрет на средбата, а тоа е дали ќе игра Лука Дончиќ, кој има повреда на палецот на раката. Доколку Словенецот биде во составот (имаше трипл-дабл на претходниот меч со Биковите), ова е двојка, ако не игра, тогаш треба да се игра на плус поени кај Кристапс Порзингис.

Предлог тип: 2 (1.65)

 

Сан Антонио спарс – Индијана пејсерс (кошарка, НБА, 02.30 часот)

Индијана по дебаклот од Торонто, врза три победи по ред, а Спарс го има плејофот во мислите (има три победи помалку од осмиот Мемфис) и ако сака да се најде во разигрувањето, мора да добива вакви мечеви, па затоа ќе типуваме единица. Сан Антонио точно пред три години за последен славеше дома против Пејсерс, но есеноска победи во Индијанаполис со 111-100. Индијана уште осум дена нема да игра дома, а низата од пет гостувања ја почна со победа, но против Кливленд, кој е послаб од Мамузите.

Предлог тип: 1 (2.30)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести