Хјустон го освои Лос Анџелес, Леброн Џејмс не може сѐ сам

Кошаркарите на Хјустон рокетс минатата ноќ го совладаа Лос Анџелес лејкерс со 93-99 во петтиот натпревар од првата рунда на НБА плејофот и го намалија заостанувањето во серијата на 3-2.


Џабари Смит јуниор го предводеше Хјустон со 22 поени, Тари Исон додаде 18, додека Алперен Шенѓун забележа 14 поени, девет скока и осум асистенции.

Тимот од Тексас до две врзани победи стигна иако настапува без Кевин Дурент, својот најдобар стрелец, кој поради повреда пропушти четири од петте натпревари во оваа серија. Иако ниту еден тим во историјата на НБА плејофот не успеал да надомести негатива од 0-3 и да ја добие серијата, Хјустон остана во игра. Само четири од 159 екипи кои губеле со 0-3 успеале да изборат седми натпревар.

Кај ЛА лејкерс, Леброн Џејмс постигна 25 поени, од кои 17 во второто полувреме, со седум асистенции. Остин Ривс се врати по девет натпревари пауза поради повреда и уфрли 22 поени со шест асистенции, а Деандре Ејтон додаде 18 поени и 17 скокови.
Сепак, Лос Анџелес лејкерс одиграа слабо со 15 загубени топки, што се покажа како клучен проблем во нивниот втор последовен пораз.

ЛА лејкерс во финишот се заканија со серија од 11-1 и намалија на 88-85, но Рид Шепард погоди шут од полудистанца, потоа му ја украде топката на Џејмс и заби за 92-85 на 2:20 минути до крајот.

Во завршницата Хјустон ја сочува предноста, додека Џејмс промаши уште еден тежок шут за три поени, со што домаќините ја пропуштија шансата за целосен пресврт. Со тоа се потврди дека не може сè сам, особено во отсуство на Лука Дончиќ.

Победникот од овој дуел во следната рунда ќе игра против Оклахома сити тандер, која со 4-0 го елиминираше Феникс.

Кејд Канингем ги одржа Детроит пистонс во игра. Постигна 45 поени, рекорд на франшизата во плејоф, го реши натпреварот во последната минута и обезбеди серијата да се врати на Флорида. Лидерот на Истокот останува „жив“, иако ќе мора да избори мајсторка за два дена на гостински терен.

Од почеток до крај Детроит беше во водство, но со тројка на Паоло Банкеро на 67 секунди до крајот, Орландо меџик се доближи на еден посед негатива. Сепак, домаќинот успеа да ја сочува предноста и да го приведе мечот до крај.

Кај победникот, искусниот Тобајас Харис одигра одлично со 23 поени.

Кливленд кавалирс го одбрани домашниот терен против Торонто репторс. Денис Шредер се разигра во финишот, постигнувајќи 11 од своите 19 поени во последната четвртина, па победата остана во Охајо и Кливленд поведе со 3-2 во серијата.
Џејмс Харден постигна 23 поени, а Донован Мичел додаде 19. Кај гостите, Ар Џеј Барет уфрли 25 поени.

- Оглас -

Најнови вести