Хјустон победи иако губеше со 20 разлика, шампионот Лејкерс со втор пораз во низа (Видео)

Хјустон рокетс продолжува со добри игри и тимот ја запиша четвртата победа по ред откако на свој терен со 104:101 го победи Портланд. Домаќините лошо го отворија мечот и само по неколку минути игра заостануваа 20 разлика (10:30). Сепак, тоа не ги збуни Ракетите, кои заиграа многу подобро и до крајот на првото полувреме не само што ја стигнаа негативата на противникот, туку и поведоа со 53:50.

Од тој момент, па до крајот, Хјустон само во две ситуации имаше минимална негатива, а во останатиот дел од мечот го контролираше резултатот и на крајот стигна до победа. Виктор Оладипо со 25 поени беше најефикасен кај победничкиот тим, а одлични беа и Кристијан Вуд со 22 и Џон Вал со 20 поени. Кај Портланд најефикасен беше Лилард со 30 поени.

Шампионот Лејкерс првпат сезонава губи два меча по ред, откако овојпат беше надигран на гостувањето кај Детроит со 107:92. Лејкерс на полувремето имаше предност од два поени, но Детроит одигра феноменално второ полувреме и успеа да го победи првакот со 15 поени разлика.

Леброн Џејмс и Кајл Кузма постигнаа по 22 поени за гостите, додека најефикасен кај победничкиот тим беше Вејн Елингстон со 23 поени.

https://youtu.be/EFK7h8GlBr8

Во останатите два меча кои се играа ноќеска, Лос Анџелес клиперс го победи Мајами со 109:105, додека Феникс беше подобар од Голден стејт со 114:93.

- Оглас -

Најнови вести