Хоакин против Лудогорец носеше уникатна капитенска лента со ликот на Трифон Иванов! (Фото)

Бетис вечерва на гостувањето кај Лудогорец покажа дека е голем клуб со убавиот гест со кој изненади многумина.

На капитенската лента на капитенот Хоакин го имаше ликот на сега покојниот легендарен бугарски фудбалер Трифон Иванов, кој во минатото играше за Бетис. Иванов е од Велико Трново, па затоа на лентата на мапата на Бугарија истакнат беше и тој град, како и Разград, од каде што е Лудогорец.

Тука беше и задолжителниот дел со пораките од УЕФА за почит кон противниците и да нема расизам, но на ракавот беше и лентата со Иванов.

Хоакин немаше среќа, од игра излезе во 28-мата минута и тогаш најубаво се виде посветената лента за Иванов.

- Оглас -

Најнови вести