Хоџсон по поразот од 0-7 од Ливерпул: Загуби подобриот тим!

Менаџерот на Кристал Палас, Рој Хоџсон, после дебаклот од 0-7 против Ливерпул, најде сили да се пошегува на своја сметка, а и на сметка на колегата Жозе Мурињо. Ова беше најтежок домашен пораз во историјата на Палас, победата на Ливерпул на Црвените им донесе неколку рекорди, па на Хоџсон не му остана ништо, освен да се потпре на англискиот хумор.

„Загуби подобриот тим“ – беа првите зборови на Хоџсон, кој ова го кажа на шега.

„Не можам да кажам ништо позитивно, понижени сме резултатски и лошо се чувствуваме. Ова е нешто ново за сите нас. Не можам да најдам ништо позитивно. Мора да го пребродиме ова и да извлечеме поуки, сигурен сум дека ќе успееме.

Неодамна и Жозе Мурињо после поразот на Тотенхем од Ливерпул рече дека иако неговиот тим загуби, бил подобар. Но, за разлика од Специјалниот, Хоџсон само се шегуваше.

- Оглас -

Најнови вести