Тоа што го направи Ливерпул денеска, тешко дека некогаш ќе се повтори

Ливерпул на гостински терен го прегази Кристал Палас и славеше со 7:0 во Лондон. Минамино, Мане и Хендерсон погодија по еднаш, а по два гола постигнаа Салах и Фирмино. Овој резултат донесе неколку рекорди, но еден е посебен.

За прв пат во историјата на Премиер лигата се случи на еден меч да има дури седум различни асистенти на погодоците. Како асистенци на головите се запишаа Мане, Фирмино, Робертсон, Александер-Арнолд, Матип и Чемберлејн.

Ако се знае дека е реткост еден тим да даде седум погодоци на еден натпревар, уште поневеројатно е дека во таков случај, сите седум асистенти ќе бидат различни.

 

- Оглас -

Најнови вести