Манчестер јунајтед се спаси од бламажа против Бого Глимт на домашен терен и со пресврт победи со 3-2. „Црвените ѓаволи“ тргнаа одлично и дојдоа во водство уште во првата минута преку Гарначо, но следуваше вистински шок и два гола на Бодо Глимт за водство од 1-2. Сепак, пред крајот на полувремето Хојлуд израмни на 2-2, а во 50-тата минута стрелаше и за победа од 3-2.
Возбудливо реми, 2-2, одиграа екипите на Тотенхем и Рома во Лондон, иако домашните двапати имаа водство, додека Фенербахче со 1-2 победи на гости кај Славија Прага.
Резултати:
Брага – Хофенхајм 3-0
ФЦСБ – Олимпијакос 0-0
Ференцварош – Малме 4-1
Манчестер јунајтед – Бодо Глимт 3-2
Мидјиланд – Ајнтрахт Франкфурт 1-2
Ница – Глазгов Ренџерс 1-4
Реал Сосиедад – Ајакс 2-0
Славија Прага – Фенербахче 1-2
Тотенхем – Рома 2-2
Твенте – Ројал Унион 0-1