Холандска апсурдност: Новата сезона ќе почне со навивачи, но забрането е навивање

Холанѓаните работат да најдат решение како да ги вратат навивачите на трибини за стартот на новата фудбалска сезона кој е закажан за 11 септември. Тие планираат да дозволат една третина од капацитетот на стадионите да се исполнува со одржување социјална дистанца до 1,5 метар, меѓутоа најважната работа ќе им биде забранета на фановите.

Навивачите ќе немаат право да пеат и да довикуваат бидејќи тоа ги зголемува шансите за ширење на корона-вирусот. Фудбалската федерација допрва ќе одлучува дали овој услов е доволно добар, односно функционален за да се дозволи враќање на навивачите на трибини.

И покрај тоа што олеснувањето на мерките уште не се стапени на сила, повеќето клубови од Ередивизие лигата на големо продаваат сезонски билети. Таков пример е Твенте, кој продаде околу 10.000 сезонски билети во првите неколку дена откако билетите се пуштени во продажба.

- Оглас -

Најнови вести