Холандски судија им помогна на Англичаните против Данска, Холанѓанец ќе го суди и финалето!

Искусниот холандски судија Бјорн Којперс ќе дели правда во финалниот натпревар на Европското првенство помеѓу Италија и Англија, закажано за в недела вечерта на „Вембли“ во Лондон. Којперс на ЕВРО 2020 судеше „само“ на три меча, па УЕФА реши да го награди.

Интересно е што УЕФА одбра холандски судија за финалето, иако во полуфиналето холандски судија направи превид и досуди непостоечки пенал за Англија против Данска, по кој Гордиот Албион даде гол и се најде во финалето. Според теоретичарите на заговор, УЕФА сака Англија за првпат да биде европски првак и со тоа да ги награди Англичаните што ја растурија Суперлигата.

Којперс, кој има 48 години, има судено меч помеѓу Италија и Англија во групната фаза на С во 2014 година. Тогаш Италијанците победија со 2-1 со голови на Маркизио и Балотели, а за Англија погоди Стариџ.

- Оглас -

Најнови вести