Холандскиот фудбалер кој избега во Русија за да се спаси од затвор, платил 250.000 евра за 400 килограми кокаин

Холандскиот фудбалер Квинси Промес денеска повторно е во центарот на вниманието на домашната јавност бидејќи се наоѓа под истрага за купување на 400 килограми кокаин.

Весникот „АД“ пишува дека Промес, кој сега игра во рускиот шампионат, платил 250.000 евра за да го отплати долгот кон дилерот Пиет Вортел откако во 2019 година пропаднала зделката, а наводните купувачи го украле кокаинот. Поради кражбата на кокаинот, според полицијата, биле извршени две убиства.

Полицијата утврдила дека поради кражбата на кокаинот биле убиени поранешниот фудбалер Калвин Мејнард во Амстердам, како и Генциел Фелер во Курасао уште во 2019 година.

Промес платил 250.000 евра за да се обиде да ги помири двете страни, а полицијата во октомври минатата година во Алмере успеала да го уапси Вортел. Тој на испитувањето негирал дека се познава со Промес иако во телефонот му биле пронајдени пораки во кои се споменува фудбалерот, а го имало меморирано и неговиот телефонски број.

Ова не е првпат Квинси Промес да се најде од другата страна на законот. Tој во 2018 година беше уапсен поради тепање на тогашната девојка, а неодамна се појавија информации дека е дел од банда коjа се занимава со шверц на дрога. Тој исто така е обвинет и дека избодел до смрт свој роднина, поради што го чека судски процес во Холандија.

Квинси Промес моментно настапува за Спартак Москва, а за да избегне евентуален судски прогон во татковината, побарал да добие руски пасош.

Промес професионалното деби го имаше во 2014 година во Твенте, по што се пресели во Спартак Москва, каде што играше до 2018 година. Потоа потпиша за Севилја, а една година играше и за Ајакс, по што се врати во Русија и сега повторно го носи дресот на Спартак Москва.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести