Холандските медиуми го растурија селекторот по катастрофалната прес-конференција

Холандските медиуми фрлија „отровни стрели“ кон селекторот на Лалињата, Франк де Бур, по катастрофалната прес-конференција што ја одржа кормиларот на нашиот трет противник на ЕП во Ц групата.

Де Бур е критикуван дека постапил непрофесионално, особено со фудбалерот на Астон вила, Анвар Ел Гази, а потоа објави и лажни податоци за Дони ван де Бек, играчот на Манчестер јунајтед.

„Срамота е на потенцијален репрезентативец да му се соопшти дека нема да игра на Европско првенство преку СМС порака. Тоа го стори Де Бур со Ел Гази. Очигледно е дека селекторот и не располага со вистински информации за настапите на своите репрезентативци што треба да ги води на големо натпреварување. Објави дека Де Бек одигра 4 илјади минути за Манчестер јунајтед, а всушност се помалку од 1.500. Потфрли и со акцијата за вакцинација на фудбалерите, па се повлече. Многу грешки има за селектор на репрезентација што има амбиции да биде европски првак“, пишуваат холандските медиуми.

Де Бур призна дека погрешил и ги замоли претставниците на седмата сила да се врати во фокусот на фудбалот на две седмици до почетокот на ЕП.

„Признавам дека мојот настап на прес-конференцијата не беше добар. Ве молам да се фокусираме на фудбал. Погрешив неколку податоци, но тоа е знак дека стареам“, изјави селекторот на Лалињата и на шеговит начин се обиде да се извади за грешките.

Македонија ќе ѝ биде ривал на Холандија во последниот меч за двете селекции во Ц групата. Ќе играме против фудбалската велесила на 21 јуни во Амстердам на „Јохан Кројф арената“ од 18 часот.

 

- Оглас -

Најнови вести