Холанѓаните не изгледаат толку страшно – Франк Де Бур одбра 34 лалиња за ЕП (Фото)

Франк Де Бур, селекторот на Холандија го објави поширокиот список од 34 фудбалери кои ќе конкурираат за 26 места во селекцијата на Лалињата што ќе играат на Европското првенство од 11. јуни до 11. јули.

Интересно е што на поширокиот список го нема Арјен Робен, кој изјави дека сака да игра за Холандија на ЕП. Против нив Македонија ќе игра на 21. јуни во последниот меч во Ц групата и за нас и за Лалињата.

На ЕП за Холандија нема да игра и Вирџил Ван Дајк, кој пред некој ден соопшти дека не е подготвен и ќе го пропушти континенталниот шампионат.

На поширокиот список има познати имиња, од калибарот на Вајналдум, Де Лихт, Хатебур, двајцата Де Јонг, Бергвајн, Промес, Ван Де Бек, Вегхорст…, но се чини дека ова е најслабиот тим во последните 10-на и повеќе години што го имала Холандија, селекција која беше европски првак во 1988 година и трипати беше светски вицешампион.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести