Хорор на тренинг: Гром погоди голман, лекарите се борат за неговиот живот

Младиот шеснаесетгодишен Иван Заборовски кој е голман во тимот на Знамја Труда, вчера доживеа страшна несреќа. За време на тренингот, тинејџерот бил погоден од гром, на теренот во московскиот регион Орехово-зуево.

Од клубот информираа дека тинејџерот веднаш бил лекарски згрижен, но дека уште се наоѓа на интензивна нега, а лекарите се борат да го спасат неговиот живот.

Иако не е познат како клуб од елитното натпреварување во Русија, Знамја Труда може да се пофали дека го има приматот на најстар активен клуб во земјата. Знамја Труда постои веќе 110 години.

 

- Оглас -

Најнови вести