Хорор повреда на соиграч на Барди предизвика паника на терен (Вознемирувачко Видео)

Тешка повреда на премиерниот меч од второто коло во Турција за Един Вишча, напаѓач на Трабзонспор кој ја скрши раката при незгоден пад на теренот.

Босанскиот репрезентативец по еден дуел со Сајмон Фалете од Хатајспор падна незгодно на раката и доживеа тешка повреда.

https://twitter.com/komuutanfener/status/1558163017015197701?s=20&t=SJkQzKEUb3WdL5a3DZLRxg

Првично, целата ситуација не изгледаше воопшто лошо, но потоа по реакцијата на играчите на теренот и по повторената снимка беше јасно дека 32-годишниот играч на шампионот Трабзонспор има тешка повреда на раката.

Вишча веднаш беше однесен во болница и потврдено е дека ја скрши раката што ќе предизвика пауза од околу 3 месеци.

Един пристигна во Трабзонспор во зимскиот преоден рок оваа година од Башакшехир и имаше дури 12 асистенции со 9 гола.

Вчера за шампионот на Турција тригодишен договор потпиша македонскиот репрезентативец Енис Барди.

- Оглас -

Најнови вести