Хорор сообраќајка во Русија, загинаа познат автомобилист и светска шампионка (Фото)

Страшна несреќа ја потресе Русија откако беше објавено дека во сообраќајна несреќа животот го загубиле автомобилистот Иван Куренбин и мотоциклистката Татјана Игушина, двајцата познати за руската спортска јавност. Тие се возеле во „порше 911 турбо“ и откако Иван при голема брзина ја загубил контролата, удриле во столб покрај патот.

Автомобилот веднаш се запалил, по што настанала свирепа смрт за двајцата. Тие биле живи, но не успеале да се извлечат од запаленото возило.

Телата едвај биле идентификувани, а уште не се знае точно ни кој седел зад воланот. Иван бил познат автомобилист и бизнисмен, а Татјана е светски рекордер за патување со мотор низ светот, за 18 дена таа мина речиси 25.000 километри.

- Оглас -

Најнови вести