Христијан го има дрим-тимот на Фантази – Му фалеше поен за стотка, но не фали ништо за убав ваучер од Sport Life (Фото)

Христијан Милев е победник во 14-тата недела од мегапопуларната игра „Фантази“ во Премиер лигата во групата на Спорт Манија.

Иако капитенот Ерлинг Халанд не му играше, а имаше и скромен заменик-капитен според поените, Христијан победи со 99 поени.

Во тимот му е и највредниот играч во колото, Калум Вилсон, кој беше стрелец на два гола и имаше две асистенции, а топ му се и нападот, средниот ред и одбраната.

За првото место ќе биде награден со ваучер од 300 денари од Sport Life.

На второто место е Игор Ѓорѓиевски со 94 поени и за него има награда во вид на ваучер од 200 денари.

Дејан Бошков е трет со 93 поени, а тоа му донесе и прво место во Генерален пласман во групата на Спорт Манија и награден ваучер од 100 денари.

Сè што треба да сторат добитниците е да испратат порака до Спорт Манија за да ги добијат своите ваучери, а за сите останати што сè уште не се во нашиот тим од 663 учесници и сега не е доцна да се приклучите и да играте за интересни награди во исклучително популарната игра на светско ниво.

- Оглас -

Најнови вести