Хрват даде победнички гол во 95-тата минута со шут од 90 метри! (Видео)

Хрватскиот фудбалер Тони Алјиновиќ постигна неверојатен гол за победа на неговиот тим во 95-тата минута од еден дерби-натпревар во седмата австриска лига. Алјиновиќ кој има 22 години, голот за триумф на Лоиперсдорф од 4-3 против Бај Кицладен, го даде со шут од неверојатни 90 метри далечина.

По овој погодок, Тони почна да добива понуди да потпише професионален договор. Никој на теренот не можеше да поверува дека топката шутната од својот 16-ник влезе во голот на другата страна, а особено беа шокирани противничките играчи и голманот.

„Ваков гол се постигнува еднаш во животот. Сум давал голови со шутеви од 30 метри, а еднаш од центар ја погодив пречката. Не ни сонував дек може да дадам гол од 90 метри, и тоа за победа која веројатно ни носи титула. По голот, постојано ми ѕвони телефонот. Ме бараат второлигашки и третолигашки клубови од Австрија и Германија“, вели загрепчанецот, кој во аматерската лига игра за 600 евра месечно, а премијата за секој освоен бод е 50 евра.

Погледнете го голот:

- Оглас -

Најнови вести