Хрватите го спасуваа Интер од бламажа против Парма (видео)

Парма имаше намера да го шокира Интер, меѓутоа хрватското дуо Брозовиќ – Перишиќ ги спаси домаќините од бламажа на „Џузепе Меаца“ со конечни 2-2. Во судиското надополнување Нероаѕурите стигнаа до израмнувачкиот погодок преку Перишиќ за освојување бод.

На стартот од вториот дел, Жервињо ја надмудри целата одбрана на домаќините и со одличен шут од прва го совлада Хандановиќ, за по само 12 минути некогашниот играч на Арсенал повторно да ја затресе мрежата на Интер.

Брозовиќ само две минути подоцна намали на 1-2, а се чекаше втората минута од судиското надополнување за спасување од пораз, кога Перишиќ го испрати нафрлувањето од Брозовиќ и со глава погоди за конечни 2-2.

- Оглас -

Најнови вести