Хрватите имаат право да бидат оптимисти пред клучниот дуел со Чешка

Хрватската фудбалска репрезентација го воодушеви светот со пласманот во финалето на СП пред три години, а денеска на ЕП игра важен меч со Чешка кој ако го загуби, веројатно ќе остане без осминафинале. Но, традицијата вели дека Хрватите имаат позитивен биланс кога станува збор за трите меѓусебни дуели со Чесите, а и никогаш не загубиле во второ коло на Мундијал или Еуро.

На ЕП 1996 кога дебитираа на големите натпреварувања, Хрватите во второто коло го поразија тогашниот актуелен европски првак Данска со 3-0, и продолжија во вторите кола да редат само победи и нерешени резултати.

Победа над Чешка, ќе значи голем чекор напред кон осминафинале, бидејќи во третото коло ќе бидат фаворити и против Шкотска. Чесите славеа во првото коло, и нив би ги задоволил и бод против Хрватска. Хрватите имаат проблем со реализацијата, па ќе мора добро да се потрудат да го разбијат чешкиот бункер.

И обложувалниците веруваат во Хрватска, квотата за победа во Sport Life e 2.30, додека за триумф на Чешка е 3.55.

- Оглас -

Најнови вести