Шкотска последна даде гол на ЕП, големи проблеми во Глазгов за светските вицешампиони (Видео)

Шкотска е последната од сите 24 репрезентации на Европското првенство што успеа да постигне гол, а надежта на Храбрите срца дека можат да играат во осминафиналето, ја врати Калум Мекрегор со погодок против Хрватска во 42-рата минута.

Светските вицешампиони поведоа во 17-тата минута со голот на Никола Влашиќ. Водечкиот гол за Хрватска можете да го погледнете ОВДЕ.

Но, молкот на „Хемпден парк“ се претвори во еуфорија во 42-рата минута, кога Мекрегор израмни на 1:1, резултат што не им одговара на двете репрезентации, но и им дава надеж за победа и пласман во осминафиналето.

Англија има предност од 1:0 по првиот дел против Чешка во истата група. Голот за предност на Гордиот Албион го постигна Рахим Стерлинг во 12-тата минута.

 

- Оглас -

Најнови вести