Хрватска од утре посилна за Игор Карачиќ

Селекторот на хрватската ракометна репрезентација, Лино Червар, направи една измена во составот за утрешниот меч со Бахреин на местото на Јанко Кевиќ го стави Игор Карачиќ.

По повредата на Лука Циндриќ, Хрватите останаа само со Домагој Дувњак како единствен врвен среден бек, па појавувањето на Карачиќ е голем плус за нив во вториот дел од Светското првенство. Карачиќ цело време е со тимот во Египет, но досега не играше бидејќи се рехабилитираше од повредата на коска во препоните. Од клубот Кјелце му правеа проблем на некогашниот вардарец и македонски зет, но тој сепак доби зелено светло.

Што се однесува до Циндриќ, тој се врати во Загреб, но не е сосема исклучено да се врати во репрезентацијата ако тимот стигне до самата завршница.

- Оглас -

Најнови вести