Спортската сала „Билјанини Извори“ во Охрид ќе биде претесна да ги собере сите љубители на ракометот кои сакаат да го гледаат реванш-дуелот од полуфииналето на ЕХФ Европскиот куп помеѓу ГРК Охрид и словенечкиот Целје.
Еуфоријата се чувствува, резултатот од првиот меч (минимален пораз од еден гол разлика) дава големи и реални надежи дека Гладијаторите ќе влезат во финалето. На пет дена пред мечот, клубот објави дека продадени се сите билети. Трибините ќе бидат исполнети до последно место и тоа е одличен предуслов за голем триумф и прво европско финале во историјата на охридскиот екипен спорт.
Реваншот против Словенците се игра в сабота, со почеток од 19 часот.

