Хрватските голмани се на цена во Италија, еден од нив може да му биде клупски колега на Елмас

Двајцата голмани на хрватската репрезентација, Доминик Ливаковиќ и Ивица Ивушиќ, имаат понуди од италијански прволигаши и можно од идната сезона да бранат во Серија А.

За голманот на Динамо Загреб, Ливаковиќ, заинтересиран е Лацио, но засега отштетата од 15 милииони евра што ја бара хрватскиот првак е превисока за калчолигашот, иако можно е да дојде до договор меѓу двата клуба.

За Ивушиќ, кој брани за Осиек, интерес има од Наполи и постои голема шанса тој да му биде клупски колега на Елиф Елмас од идната сезона.

Интересно е што двајцата голмани се врсници, имаат по 27 години и се менуваа по двапати како стартери на голот на Хрватска на четирите јунски натпревари во Лигата на нациите.

Ивушиќ бранеше во поразот од Австрија со 0:3 и на последниот меч во Париз кога Хрватска ја победи Франција со 1:0.

Ливаковиќ беше на голот на Коцкестите на дуелите со Франција дома, што заврши 1:1, и против Данска на гостински терен, во победата од 1:0.

 

 

- Оглас -

Најнови вести