24.8 C
Skopje
недела, 13 јули 2025

Динамо Загреб се навикна на милионски трансфери, Лацио ќе мора да плати висока цена за голманот Ливаковиќ

Динамо Загреб прави опасно добри трансфери во последната десеттина години, а и сега има одлични играчи со чија продажба може добро да си ја пополни касата.

Калчолигашот Лацио е заинтересиран за голманот Доминик Ливаковиќ, а популарните Модри од Загреб бараат отштета од 15 милиони евра.

Ливаковиќ е хрватски репрезентативец, има 27 години и веќе подолг период за него Динамо одбива добри понуди.

Имаше интерес минатото лето од француски Рен, потоа и од Вулверхемтон, но Динамо не го продаде.

Сега Лацио е заинтересиран, а цената е висока и како отштета Динамо бара 15 милиони евра.

Се очекува и трансфер на Аријан Адеми, за кого неофицијално во клубот е пристигната понуда од над 5 милиони евра, а има голем интерес и за Мислав Оршиќ, за Бруно Петковиќ и за Иванушец.

 

- Оглас -

Најнови вести