Хулијан Алварес не сака да остане во Атлетико Мадрид, и покрај тоа што клубот му понудил нов, значително подобрен договор.
Аргентинскиот напаѓач, кој важи за еден од најдобрите во својата генерација и светски шампион со Аргентина, наводно ја одбил понудата за продолжување на соработката, иако има важечки договор до 2030 година.
Според информациите, понудата што ја добил би го направила најплатен фудбалер во тимот, со плата од околу 10 милиони евра по сезона, но Алварес сепак е решен да побара нов предизвик во кариерата.
Како негова најпосакувана дестинација се споменува Барселона, клуб со кој верува дека полесно би се борел за трофеи.
Од друга страна, во Атлетико не размислуваат за негова продажба на лесен начин. Клубот го гледа како еден од најважните играчи во проектот и поставил висока откупна клаузула од дури 150 милиони евра, додека во договорот стои и неверојатна откупна вредност од 500 милиони евра.
Прашањето кое останува е дали некој клуб ќе биде подготвен да вложи толку голема сума за да го обезбеди неговиот потпис во следниот период.

