Германскиот дефанзивец Матс Хумелс се надева дека ќе го заврши својот престој во италијанскиот калчолигаш Рома со позитивен крај. Ветеранот ќе го напушти клубот по завршувањето на сезоната.
„Беше прекрасно доживување. Ми беше пријатно сè што поминав оваа сезона. Како што сум рекол неколку пати, сакам оваа приказна да има среќен крај и сакам да ја завршам сезоната со Рома со пласман во Европа“, изјави Хумелс.
„Рим е прекрасен град кој не бара претставување. Да се живее тука, во секој поглед, беше фантастично и секој момент поминат во овој град ќе остане неизбришлива меморија за мене“, додаде германскиот ветеран.
Рома на три кола до крајот на Серија А е во трка за пласман во Лигата на шампионите, по одличната резултатска низа откако на клупата дојде искусниот Клаудион Раниери.