И Бундеслигата во Австрија продолжува со фудбал!

Политичарите во Австрија постигнаа договор дека постојат услови да продолжи фудбалското првенство во оваа земја. Според најавите, фудбалот во оваа земја ќе продолжи на 2 јуни. Клубовите утре треба да донесат одлука околу планот и распоредот до крајот на сезоната. Од 15 мај, сите екипи ќе добојат дозвола да тренинраат заедно, што значи дека повеќе од две недели ќе имаат за работа во полна пареа и подготовка пред рестартот на почетокот на следниот месец. Освен Бундеслигата на Австрија, натпреварите ќе продолжат и во втората лига, а таа треба да започне до 6 јуни.

Првите фудбалски возбудувања сепак ќе бидат уште во мај, и тоа на 30 мај, кога треба да се одигра финалето на Купот меѓу Ред Бул Салцбург и Австрија Лустенау.

До крајот на сезоната остануваат уште 10 кола, а во трка за титулата се ЛАСК и Ред Бул Салцбург.

- Оглас -

Најнови вести