Пари Сен Жермен доминираше на церемонијата на доделувањето награди на најдоброто од фудбалот во Франција, но нивниот тренер Луис Енрике не беше прогласен за најдобар во Лига 1. Изборот го прави Националната унија на професионални фудбалери (УНФП).
Признанието за тренер на сезоната го освои 47-годишниот стручњак Пјер Саж од Ленс.
Фудбалер на сезоната е Усман Дембеле од ПСЖ, тој оваа награда ја добива втора година по ред. Дембеле доби награда и за најубав гол, за ова гласаа навивачите. Најдобар млад играч е Дезире Дуе од ПСЖ, тим кој даде петмина во идеалниот состав од 11-те најдобри во лигата.
Номинирани за наградата најдобар Французин кој игра во странство беа: Килијан Мбапе, Рајан Шерки, Вилијам Салиба, Уго Екитике и Мајкл Олисе. Лани Мбапе ја освои наградата во својата дебитантска сезона во странство, а годинава наградата отиде во рацете на Олисе од Баерн, кој постигна 22 гола и имаше 30 асистенции во 50 натпревари во сите натпреварувања.


