Венеција ја имаше најоригиналната шампионска парада (Фото)

Фудбалскиот клуб Венеција го прослави својот пласман во Серија А со стил. Тимот го обезбеди враќањето во првата италијанска лига на почетокот на мај, а првото место во Серија Б беше запечатено по победата од 2-0 над Фрозиноне во последното коло.

За да го прослават успехот, играчите се качија на гондоли и пловеа по каналите, наместо во автобуси со отворен покрив да се возат низ улици како што прават речиси секаде.

„На каналите за Серија А“, напиша клубот на социјалните мрежи и покажа прекрасни фотографии од прославата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести