И Челзи и Манчестер јунајтед ќе дадат гол

1010 Челзи – Манчестер јунајтед (17.30 часот)

Челзи е фаворит според сите статистички показатели, но ова е дерби во кое решава и мотивацијата. Сините се први, тие се тим со најдобра одбрана во Премиерлигата и втор најефикасен напад, имаат 12 бода повеќе од Црвените ѓаволи. Јунајтед има дури четири порази во последните пет кола, а моментно се и без тренер. Кај Челзи, повредени се Чилвел, Ковачиќ и Канте, додека кај гостите се очекува да фалат Гринвуд, Мегваер, Погба и Варан. Челзи три и пол години не знае за триумф на својот „Стемфорд бриџ“ против Манчестер.

Предлог тип: ГГ (1.78)

 

3614 Наполи – Лацио (20.45 часот)

Двата тима во ова дерби на јужна Италија влегуваат после порази во минатото коло, а ако се смета и Лига Европа, наполитанците имаат два порази едноподруго. Наполи ја има убедливо најдобрата одбрана во Серија А според бројот на примени голови. Лацио има само една гостинска победа и тоа уште во август кај Емполи. Римјаните шест и пол години не победиле во Неапол, а пролетоска при последната посета на Орлите на „Диего Марадона“, беше 5-2 за Наполи.

Предлог тип: ГГ (1.60)

 

1309 Реал Мадрид – Севилја (21.00 часот)

Ова е дерби на колото во Шпанија, не само затоа што станува збор за два тима од Лигата на шампионите и стари ривали, туку и поради моментната форма и нивната положба на табелата. Реал е прв, но има само два бода повеќе од Севилја. Кралевите го имаат најефикасниот напад во лигата, а андалузијците се тим со најмалку примени голови. Во мај, кога Севилја последен пат му гостуваше на Реал, конечниот резултат беше 2-2. Севилја на сите гостувања сезонава игра неефикасни дуели со 0-2 гола. Севилја не победила во Мадрид од 2008 година.

Предлог тип: 1 (1.70)

 

1541 Спортинг Лисабон – Тондела (19.00 часот)

Актуелниот португалски првак е во мртва трка со Порто и Бенфика за титулата и не смее да си дозволи кикс на ваков меч. Спортинг ја има најдобрата одбрана, прими само четири гола сезонава, но нападот им е проблем. Тондела во 11 кола нема реми, туку 4 победи и 7 порази. Во минатата сезона, Тондела загуби во Лисабон од Спортинг со 0-4, овојпат можеби ќе минат за нијанса подобро, но бодот е тешко остварлив.

Предлог тип: 1 & 0-3 (2.02)

 

1709 Монпелје – Лион (17.00 часот)

За многумина Лион тука е голем фаворит и ако не победи тоа би се сметало за кикс, но ако се погледне табелата, двата тима се неверојатно изедначени, а традицијата е на страна на домашните. И Монпелје и Лион имаат по 19 бода, со по пет победи и четири ремија, дури и иста гол-разлика од 21-21, но Лион има одиграно еден меч помалку. Ниту еден од овие тимови нема играно нерешено уште од почетокот на октомври. Монпелје има низа од три победи по ред против Лион, сите минимални.

Предлог тип: 0-3 гола (1.58)

- Оглас -

Најнови вести