И Чукарички го „чукна“ Партизан, и тоа со гол од 35 метри (Видео)

Чукарички го победи Партизан со 1-0 и се искачи на второто место во српската Суперлига.

За Партизан ова е четврти пораз во последните пет кола, па сега се четврти, со ист број бодови како и петтата Војводина, а петтиот тим од Србија не оди во Европа, па Црно-белите мора да излезат од кризата за да не доживеат невидена катастрофа и да останат без учество во куповите.

Стрелец на голот беше Марко Доциќ кој забележа дека голманот Немања Стевановиќ чека центаршут, реши да проба да го изненади, и успеа во тоа. Стевановиќ мислеше дека топката ќе оди во гол-аут, па не интервенираше како што треба.

Ова е голот со кој Чукарички се доближи до место во квалификациите за ЛШ:

- Оглас -

Најнови вести