И финалето во Лига купот на Франција одложено

Француската фудбалска федерација одлучи да го одложи финалето во Лига купот на Франција согласно со финалистите ПСЖ и Лион. Битката за трофејот првично требаше да се одржи на 4 април, но сега дополнително ќе се бара нов пригоден датум за одигрување на финалето.

Поради одложувањето, Лига 1 одлучи дуелите ПСЖ – Мец и Лион – Ним, кои се закажани во рамки од 31-вото коло да се одиграат на 4 април пред затворени стадиони. Како што е веќе познато, во Франција е забрането да се присуствува на настани кои би собирале повеќе од 5.000 лица, влучувајќи ги спортските.

- Оглас -

Најнови вести