И Град Скопје финансиски ќе му помогне на Вардар, градоначалничата ќе одлучи колку пари ќе добијат Црвено-црните

Советот на град Скопје со 34 гласа За и еден воздржан, изгласа да му се помогне финансиски на најтрофејниот македонски фудбалски колектив, Вардар.

Инцијативата ја поднесе доктор Никола Пановски, но засега не е познато колкава сума на пари ќе добие Вардар, за тоа ќе реши градоначалничката Данела Арсовска.

На денешната седница беше доставен и изгласан амандман за ребаланс на буџетот на град Скопје за 2023 година со кој 12 милиони денари ќе се префрлат во секторот за спорт за помош на скопските спортски клубови.

Ова е втор обид град Скопје да му помогне на Вардар, пред осум месеци беше изгласано да му се доделат 250.000 евра финансиска помош на Вардар, но помошта ја стопира министерството за финансии.

Претходно, новата управа на Вардар предводена од навивачката група Комити, се договори со 12 скопски општини  финансиски да му помогнат на најтрофејниот фудбалски клуб во Македонија.

- Оглас -

Најнови вести