И кога е криза, за НБА нема зима, го качија лимитот за плати, сега ќе трошат уште повеќе

Раководството на НБА-лигата донесе одлука да го зголеми дозволениот праг за плати на кошаркарите за 11,6 милиони долари и од идната сезона клубовите ќе можат да трошат по 123,6 милиони долари за годишните примања на сите кошаркари што ги имаат во своите редови.

Зголемувањето доаѓа само на два дена од почетокот на преодниот рок, односно од први јули, кога ќе можат да се потпишуваат договори со слободните агенти.

Во последните 10 години популарниот Салари кап се зголеми за 80 проценти, но за некои клубови и тоа е премалку, па плаќаат данок на луксуз.

Во случај да се пречекори дозволениот лимит за годишни плати, секој НБА-клуб плаќа данок на луксуз, а само како пример, новиот шампион во Лигата, Голден стејт вориорс троши дури 171 милион долари за плати, или скоро 50 милиони повеќе од новиот дозволен лимит.

- Оглас -

Најнови вести