И коментаторите броеја, 1,2,3… – Саутемптон е оштетен за чист пенал, Мектоминеј жонглираше со фудбалот како одбојкар (Видео)

Саутемптон и неговите навивачи реагираат на спорната ситуација од 62. минута на дуелот со Манчестер јунајтед и велат дека се оштетени за чист пенал.

Скот Мектоминеј играше како во одбојка и топката неколкупати го удри в рака при резултат од 1:0 за гостите од Манчестер, а се чини дека домаќините беа оштетени.

Дури и коментаторите броеја, 1,2,3… односно колку пати играчот на Манчестер јунајтед ја удри топката со рака.

Спорниот момент можете да го погледнете ОВДЕ.

Манчестер јунајтед победи со 1:0 со голот на Бруно Фернандеш во 55. минута, само 7 минути пред спорниот момент кога Мектоминеј не беше казнет со пенал за одбојкарското жонглирање со топката.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести