Една ѓаволски добра акција му беше доволна на Манчестер за победа против Светците (Видео)

Бруно Фернандеш беше прецизен во 55. минута доволно за победа на Манчестер јунајтед против Саутемптон, со што гигантот врза две победи по ред во Премиер лигата, по стартот со два порази.

Португалецот погоди по ѓаволски добро изработената акција во второто полувреме, а асистенцијата на Далот ја искористи Бруно за гол што вреди три бода.

Голот на Фернандеш можете да го погледнете ОВДЕ.

Во првото полувреме беше израмнето, а акцијата и утките во 19. минута кога гостите од Манчестер промашија три зицери во иста акција беше белег на првиот дел. ж

Еланга, Фернандеш и Ериксен не успеаја да погодат од зицер ситуации, но сепак Манчестер јунајтед отпатува со бодовите од „Сент Мери“.

Мечот ќе се памети и по дебито на Каземиро за Манчестер јунајтед. Бразилецот кој дојде кај Црвените ѓаволи од Реал Мадрид за сума од 70 милиони евра, влезе во игра во 80. минута на местото на Еланга.

 

- Оглас -

Најнови вести