И Мајнц се нацрта на мапата на Бундеслигата – Матета со хет-трик го декласира Фрајбург (Видео)

И Мајнц конечно победи во новата сезона во Бундеслигата, а со хет-трик во првото полувреме до трите бода ги донесе Жан-Филип Матета.

Најдобриот стрелец на гостите беше немилосрден и погодуваше против Фрајбург во втората, 34. и во 40. минута што беше недостижна негатива за домаќините.

Матета сега има 7 погодоци на своето салдо, или точно 70 посто од головите што Мајнц ги постигна во овие 8 кола во Бундеслигата.

Фрајбург успеа само да намали на 1:3 со погодокот на Петерсен, но беше далеку од евентуален подвиг и избегнување на четвртиот пораз во германското првенство.

- Оглас -

Најнови вести