И на ова му дојде редот – Со Маријачи и Сомбреро оркестар во мексикански стил го претставија новото засилување (Видео)

Холандскиот гигант Феенорд му приреди убаво изненадување на новиот играч Сантијаго Хименес и го пречека и претстави со Маријачи музика и мексикански оркестар.

Идеата и изведбата на Холанѓаните како добредојде за репрезентативецот на Мексико кој досега играше за Круз Азул.

Хименес има 21 година и е роден во Буенос Аирес во Аргентина, но игра за Мексико и досега имаше 7 настапи.

Напаѓачот се надева дека ќе биде на списокот и за Мундијалот во Катар, а почетокот во Феенорд со музика во мексикански стил е ветувачки.

 

- Оглас -

Најнови вести