И најтрофејните не можат да ја издржат кризата – Азиски гигант е пред пропаѓање

И најтрофејните светски клубови имаат мака со финансиите во услови кога се уште владее пандемијата со Коронавирус, а голем проблем има 8-кратниот кинески шампион Лијаонинг ФЦ.
Прволигашот што има најмногу титули во Кина објави дека е пред расформирање и дека се во исклучително тешка финансиска криза, а први настрадаа играчите, на кои им е соопштено дека нема да добиваат плата.

Лијаонинг е клуб со 67-годишна традиција, а особено доминираше во 80-те и 90-те години на минатиот век кога освои 6 титули во 7 сезони.

Тие се и првиот кинески клуб што успеа да ја освои шампионската круна во Азиската Лига на шампиони. Во сезоната 1989/90 Лијаонинг беше подобар во финалето од Нисан Јокохама од Јапонија и го доби двомечот со 3:2 за историја и прв континентален пехар и за клубот и за најбројната земја на светот.

 

 

- Оглас -

Најнови вести