И Рајо ќари од „кралската распродажба“ на бодови

За Рајо Валјекано заврши црната серија од 22 години без победа против Реал Мадрид во лигашки меч. Малиот мадридски клуб славеше со 1-0, и си ги зачува теоретските шанси за опстанок во лигата (на три кола до крајот, има шест бода минус во однос на безбедната зона).

Откако Зинедин Зидан се врати на клупата на Реал, тимот нема победа на гостински терен, а тимот кој има 18 бода помалку од лидерот Барселона, второ коло по ред не успеа да даде гол, потврдувајќи дека има огромен проблем со реализацијата, особено кога Карим Бензема не игра или не е расположен.

Стрелец на голот вреден три бода, беше Ембарба од пенал. Ударот од белата точка му беше подарен откако судијата побара помош од ВАР технологијата. Сезонава против Реал се досудени 7 пенали, најмногу од сезоната 2005/2006 наваму. Сите седум пенали беа претворени во гол.

- Оглас -

Најнови вести