И резервите на Ливерпул даваат мајсторски голови (Видео)

Ливерпул со 2:0 го победи Престон во осминафиналето од Лига купот на Англија и фаворитот се пласира во следната фаза. Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, реши да ги одмори најдобрите фудбалери, но и со вториот тим не дозволи да има изненадување. Минамино погоди за 1:0 во 62-рата минута, а Дивок Ориги во 84-тата минута го постави конечниот резултат.

Токму голот на Ориги беше посебно интересен откако успеа од зад грб со петица да ја затресе мрежата на домашниот тим.

 

- Оглас -

Најнови вести