Менаџерот на Манчестер јунајтед, Мајкл Карик, беше исклучително задоволен по победата од 2:1 над Брентфорд во натпревар од 34-тото коло на Премиер лигата. Под негово водство Црвените ѓаволи имаат девет победи, две ремија и два порази во 13 натпревари и се наоѓаат на третото место на табелата, со три бода пред Ливерпул.
„Играта на моменти беше доста отворена. Започнавме навистина добро и морам да им оддадам признание на противниците, кои нè ставија под притисок. Затоа направивме корекции на полувремето. Каземиро постигна неколку важни голови за нас. Бруно Фернандеш, Хари Магваер и Каземиро имаат одлична соработка.
Гостите имаа неколку шанси кон крајот, но мислам дека духот, напорот и единството на нашите играчи беа фантастични. Ова е период од сезоната кога резултатите се најважни. Мораше да ги освоиме овие три бода по секоја цена.
Навистина сме среќни поради големиот број победи. Ни претстои важен натпревар против Ливерпул и со нетрпение го очекуваме“, изјави Карик.

