И Рублев има корона, ќе игра на Отвореното првенство на Австралија само ако е 100 отсто безбедно

Егзибицискиот турнир во Абу Даби го донесе и шестиот заразен тенисер со корона-вирус, а Андреј Рублев објави дека има позитивен тест.

Петторангираниот светски тенисер објави дека е позитивен на ковид-19, но и дека нема позначајни симптоми на корона и се наоѓа во изолација во Барселона.

„За несреќа, позитивен сум на ковид-19 со минимални симптоми. Во изолација сум и ги следам препораките и протооколите на докторите. Вакциниран сум и се подготвував за настап на АТП купот во Сиднеј и за Отвореното првенство на Австралија во Мелбурн. Сега морам да мирувам и да ги прегрмам проблемите со ковид-19. Загрижен сум и по малку и вознемирен. Ќе играм на Отвореното првенство на Австралија само ако биде 100 отсто безбедно за мене“, објави Рублев.

Тој е шесттиот тенисер што играше на егзибицискиот турнир во Абу Даби и потоа објави дека е позитивен на ковид-19, заедно со Рафаел Надал, Денис Шаповалов, Онс Џабур, Ема Радукану и Белинда Бенчиќ.

Отвореното првенство на Австралија ќе се игра од 17 до 30 јануари.

 

 

- Оглас -

Најнови вести